Почетна Германија Студентска работа Краткорочна работа (KKB) Долгорочно — Западен Балкан Америка Work and Travel USA Internship / Trainee USA Водич за Германија Работодавачи Услуги За нас Контакт
BIH GER
Аплицирај За работодавачи

Изјава за приватност

ПАВ Контекст Вработување Скопје (PAV KONTEXT VRABOTUVANJE Skopje)

Оваа Изјава за приватност е главната политика за обработка на лични податоци преку веб страницата kontext.mk и се однесува на податоците собрани при аплицирање за студентска работа, краткорочна работа (KKB) и/или долгорочно вработување во Германија, при пријава за USA програмите, при контакт, закажување термин и користење на CV генераторот.

1. Начела на заштита

Агенцијата обезбедува дека вашите лични податоци се: обработуваат согласно закон, транспарентно и правично; собирани само за конкретни и легитимни цели; минимални, точни и ажурирани; чувани не подолго од потребното; обработени со соодветни мерки за безбедност.

2. Идентитет на контролорот

ПАВ Контекст Вработување Скопје (PAV KONTEXT VRABOTUVANJE Skopje), застапувана од Aleksandra Bozhinovska, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28, лок. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија, ЕМБС: 7119038, ЕДБ: 4080016558115. Е-пошта: vrabotuvanje@kontext.mk.

Административните услуги за кандидати (поврат на данок, виза, преводи, осигурување, нострификација) ги обезбедува одделниот давател Друштво за едукација и преводи КОНТЕКСТ ОБРАЗОВАНИЕ ДООЕЛ Скопје (ЕМБС 7124643, ЕДБ 4038016510981, Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28-29, Скопје – Центар), obrazovanie@kontext.mk. Податоците за тие услуги ги обработува тој давател.

3. Офицер за заштита на лични податоци

Офицер за заштита на лични податоци: Ристе Божиновски · тел: +389 78 274 420 · contact@kontext.mk. Барањата примени преку овој канал се проследуваат до офицерот. Името на офицерот не го заменува контролорот наведен погоре.

4. Цели на обработката

5. Правна основа

Обработката се врши врз основа на: дадена согласност на субјектот; исполнување на договор; исполнување на законска обврска (ЗРО, Закон за вработување и работа на странци и др.).

6. Пренос во трета земја

Вашите лични податоци кои се собираат за потребите на посредување се пренесуваат до соодветниот работодавач во Германија (земја-членка на ЕУ) и, кога е потребно за постапката, до надлежните институции (на пр. Bundesagentur für Arbeit, германско дипломатско-конзуларно претставништво). За USA програмите податоците се доставуваат до американскиот спонзор назначен од US Department of State. Агенцијата ја известува АЗЛП за преносот согласно член 48 од ЗЗЛП.

6а. Веб страница и надворешни услуги

На страниците со формулар се користи Google reCAPTCHA v3 за заштита од спам. Мапите (Google Maps) се вчитуваат само откако ќе дадете согласност во известувањето за колачиња или ќе кликнете „Вчитај мапа“. Фонтовите се хостираат на нашиот сервер. Не користиме аналитички или маркетиншки колачиња. Изборот за колачиња може да се промени во секое време преку „Поставки за колачиња“ во подножјето.

7. Рокови на чување

8. Ваши права

Право на пристап, исправка, бришење, ограничување, приговор, преносливост и право да не бидете предмет на автоматизирано одлучување.

9. Повлекување на согласност

Согласноста може да се повлече во секое време — без влијание врз законитоста на претходната обработка.

Контакт за права: Ристе Божиновски, офицер за заштита на лични податоци · contact@kontext.mk · +389 78 274 420
АЗЛП: бул. Гоце Делчев бр. 18 (кат 14), Скопје · 023 230 635 · info@privacy.mk
Измени: Политиката важи од 2022 г.; последно ажурирање 20.10.2026. Измените стапуваат на сила по објавување.