Регулатива
Западен Балкан
Без призната квалификација
Траење на процес
Индивидуално
Зависи од документите, квотата и институциите
Минимална плата
14,60 €/час
Од 01.01.2027 (2026: 13,90 €), може и повеќе
Посредување
Бесплатно
Нашата работа ја плаќа работодавачот
за регулативата
Што е Регулативата Западен Балкан?
Регулативата Западен Балкан (Westbalkanregelung) е посебна германска регулатива која овозможува државјани од земјите на Западен Балкан да работат во Германија без призната професионална квалификација, доколку имаат конкретна понуда за работа од германски работодавач и ги исполнуваат условите за национална работна виза.
Регулативата важи за речиси секој тип на вработување. Исклучок се регулирани професии (лекари, медицински персонал и слично) каде законски е потребно признавање на диплома.
BA моментално наведува до 50.000 одобренија годишно. Регулативата важи за државјани на следните земји:
услови
Кој може да аплицира?

Државјанство на ЕУ/ЕЕА или Швајцарија
Овие кандидати имаат слободен пристап до германскиот пазар на труд. Контактирајте нè за актуелни работни понуди.

Државјанство на Западен Балкан без државјанство на ЕУ/ЕЕА или Швајцарија
За државјани на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија може да се примени Westbalkanregelung, ако се исполнети условите. За други државјанства се проверува соодветната правна основа.
Основни услови: државјанство од земја на Западен Балкан, конкретна работна понуда од германски работодавач, BA предодобрение и национална виза, важечки пасош и потребна документација. Потребното познавање германски или англиски се утврдува според позицијата и барањата на работодавачот — ова се услови на понудите преку Контекст.
Кандидати со навршени 45 години или постари
За кандидати со навршени 45 години или постари, при првото одобрување според Westbalkanregelung се проверува дополнителниот услов за плата или соодветно пензиско обезбедување. За 2026 потребната бруто-плата изнесува најмалку 55.770 € годишно, освен ако се докаже соодветно пензиско обезбедување. За постапки во 2027 се проверува прагот за таа година (
BA).
Потребна е индивидуална проверка пред да се потврди соодветноста на понудата:
- возраста на кандидатот при првото одобрување
- понудената бруто-плата или пензиското обезбедување
- работната позиција и работодавачот
Контактирајте нè за индивидуална проверка на вашиот случај.
плата и јазик
Плата и јазични барања
Платата не е иста за сите кандидати — зависи од работната позиција, работодавачот, квалификациите, искуството и познавањето на јазик. Законската минимална плата во Германија во 2026 изнесува 13,90 € бруто на час, а од 01.01.2027 изнесува 14,60 € бруто на час. За позиции со искуство или подобро познавање на германски, платата може да биде значително повисока.
Потребното познавање германски или англиски се утврдува според позицијата и барањата на работодавачот. Ова се услови за понудите преку Контекст, а не законски услов на Westbalkanregelung. Предност имаат кандидати со германски јазик од A2 ниво нагоре. Кандидати кои не зборуваат ниту германски ниту англиски не можеме да ги вклучиме во процес.
работни позиции
Сектори и позиции
Работните понуди зависат од моменталните потреби на германските работодавачи и од профилот на кандидатот. Контактирајте нè за актуелни понуди.
Угостителство и ресторани
Кафетерии и ресторани за брза храна
Контекст е договорен партнер на големи ланци на ресторани за брза храна, аеродроми, супермаркети, хотели, магацини, фабрики и многу други работодавачи од различни бранши. Работните понуди се менуваат — контактирајте нè за актуелни позиции.
процес
Како функционира?
По изборот на работна понуда, работодавачот поднесува барање за предодобрение од BA. Предодобрението не е виза. Потоа следува постапката за национална виза кај надлежното германско претставништво. Времетраењето зависи од документацијата, достапната квота и обработката кај институциите. Не можеме да гарантираме точен датум за одобрение, виза или заминување. Според досегашното искуство, кога има соодветна понуда и комплетна документација, постапката може да трае околу 2–3 месеци — ова е проценка, без гаранција. Ако нема моментално отворена позиција, кандидатот останува во база и се контактира кога ќе има соодветна можност.
1
Кратка апликација и контакт
Пополнуваш кратка апликација на сајтот. Тимот на Контекст ќе ја разгледа пријавата и ќе ве контактира за разговор за профилот, искуството и јазичното ниво.
2
Детална апликација и CV
Ако одговараш, добиваш линк до детална Google форма и помош при подготовка на CV на германски јазик.
3
Избор на работна позиција
Заедно одлучуваме која работна позиција и локација најдобро одговараат на твоите желби и профил. Те предложуваме на работодавачот.
4
Vorabzustimmung
Работодавачот поднесува барање за Vorabzustimmung (предодобрение) до Bundesagentur für Arbeit. Предодобрението не е виза — тоа е услов за визната постапка.
5
Термин и поднесување барање за виза
По добиено предодобрение, закажуваш термин според упатствата на надлежното германско претставништво или неговиот овластен давател на услуги. Контекст помага во подготовката на пакетот документи; одлуката за визата ја носи претставништвото.
6
Виза и обука за први чекори
По одобрена виза следува подготовка за први чекори во Германија — административни обврски, права, практични информации — во канцеларија или онлајн.
7
Авиобилет
Купуваш авиобилет во претходен договор со Контекст — датумот на заминување се усогласува со работодавачот.
8
Контекст те најавува кај работодавачот
Контекст официјално те најавува кај работодавачот — координација на датумот на почеток, работното место и сите детали.
9
Заминуваш
Подготвен/а, информиран/а и со сите документи — заминуваш за Германија.
Важно — сместување
Доколку работодавачот не нуди сместување, кандидатот е должен самостојно да бара. Контекст дава детални инструкции за наоѓање сместување, врши проверка на валидноста на најденото сместување и дава зелено светло за резервација. Доколку Контекст има контакти од претходни сместувања, ги предлага на кандидатот без обврска.
Контекст е агенција за вработување — не туристичка агенција. Помага на кандидатите со информации и проверка, но не врши услуга на сместување.
документација
Потребна документација
Документите за долгорочно вработување се поразлични од студентската и сезонската работа — поради националната работна виза и подолгорочниот престој. Документите кои не се на германски јазик треба да бидат преведени.
1
Пасош и биометриска фотографија
Важечки пасош и биометриска фотографија за визен формулар.
2
CV на германски јазик
Контекст помага при подготовката на CV. Доколку немате, можете да го изработите преку нашата веб-страница.
→ Генерирај CV
3
Пополнет визен формулар и изјави
Формулари и изјави според барањата на надлежното германско претставништво. Контекст помага во подготовката на пакетот.
4
Доказ за работно искуство и дипломи
Доколку имате работно искуство или релевантни дипломи/сертификати за позицијата — се приложуваат. Преведени на германски.
5
Од работодавачот: Arbeitsvertrag и Vorabzustimmung
Работодавачот обезбедува работен договор, Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis и Vorabzustimmung од Bundesagentur für Arbeit.
6
Национална работна виза
По одобрување на Vorabzustimmung, кандидатот закажува термин според упатствата на надлежното германско претставништво и поднесува барање за национална работна виза. Одлуката ја носи претставништвото.
Заштита на лични податоци
Сите документи и лични податоци кои ги доставувате во рамки на апликацијата се обработуваат, архивираат и уништуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
нашата филозофија
Контекст не е за сите. И тоа е во ред.
Во Контекст не посредуваме само работни понуди. Ние поврзуваме сериозни луѓе со сериозни работодавачи во Германија. Не продаваме соништа — работиме со реални позиции и реални можности.

Какви кандидати бараме?
- ✔ Луѓе кои сакаат да работат — не само да заминат
- ✔ Кандидати кои разбираат дека Германија бара дисциплина и одговорност
- ✔ Лица со соодветно јазично познавање
- ✔ Флексибилни за локација и реални во очекувањата
- ✔ Финансиски и психолошки подготвени за нов почеток
- ✔ Искрени и транспарентни апликанти

Што ние нудиме?
- ✔ Проверени и реални работни понуди
- ✔ Професионална комуникација со работодавачите
- ✔ Јасни и транспарентни информации за условите
- ✔ Поддршка низ целиот процес
- ✔ Бесплатно посредување за сите актуелни позиции

Што очекуваме од вас?
• Точни и вистинити информации
• Трпение во процесот
• Почитување на договорените услови
• Реални очекувања за квалификациите
• Флексибилност за локација
• Сериозна намера за работа
Не ветуваме невозможни работи.
Не продаваме илузии.
Работиме професионално, транспарентно и одговорно.
Ако сте сериозни — ние сме тука.
Ако барате лесен пат — ние не сме вистинската адреса.
Подготвен/а сум — аплицирај
прашања
Често поставувани прашања
Дали вработувањето е неограничено?
Долгорочното вработување не е ограничено на 90 дена како студентската работа. Траењето зависи од работниот договор, визата и дозволата за престој. Работниот договор може да биде на определено или неопределено време, а престојот се регулира и продолжува во Германија доколку се исполнуваат условите.
Колку трае процесот?
Роковите се индивидуални. BA предодобрението, визата и почетокот на работа се одделни чекори. Според искуството, со активна понуда и комплетна документација постапката може да трае околу 2–3 месеци — тоа е проценка, без гаранција. Ако во моментот нема отворена позиција за профилот, кандидатот останува во база.
Дали треба да знам германски јазик?
Потребното познавање германски или англиски се утврдува според позицијата и барањата на работодавачот; тоа е услов на понудата или на Контекст. Предност имаат кандидати со германски A2 нагоре. Кандидати кои не зборуваат ниту еден од двата јазика не можеме да ги вклучиме во процес.
Дали е потребна призната квалификација?
Не — Регулативата Западен Балкан овозможува работа без призната квалификација за повеќето позиции. Исклучок се регулирани професии (лекари, медицински персонал) каде е потребно признавање на диплома.
Дали е бесплатно?
Да. Посредувањето е бесплатно за кандидатот; надоместокот за нашата услуга го плаќа работодавачот. Личните трошоци (виза, патување, сместување) се наведуваат одделно во конкретната понуда.
Контекст работи во согласност со
IRIS стандардите за одговорно регрутирање — фер, транспарентна и законски усогласена постапка за секој кандидат.
Каква виза е потребна?
Потребна е национална работна виза за Германија. Процесот: работодавачот аплицира за Vorabzustimmung кај BA; по добивањето кандидатот закажува термин според упатствата на надлежното германско претставништво и поднесува барање за национална виза. Контекст помага во подготовката на документите.