Формирана во септември 2007 година, Контекст е агенција за посредување при вработување која од 2007 година до денес израсна во препознатлива и почитувана агенција на Балканот и пошироко.
Контекст е компанија формирана во септември 2007 година. Оттогаш, имаме вработено преку 20.000 лица во странство и испратено преку 22.000 студенти преку досегашните студентски програми.
Потребно ни беа околу 40.000 работни часови, преку 350.000 е-мејлови и безброј повици за секој кандидат кој се одлучил да соработува со Контекст да биде задоволен.
Контекст е тим составен од дипломирани филолози со огромно искуство во спроведување на програмите за размена. Секој од тимот лично бил на некоја од програмите — тоа е нашата разлика.
Контекст од 2007 година работи во областа на меѓународното посредување при вработување, со посебен фокус на германскиот пазар и програмите во Америка. Нашата мисија е да обезбедиме професионална, организирана и законски усогласена поддршка и за кандидатите и за работодавачите — од првичната селекција до успешно започнување со работа.
Тим составен од дипломирани филолози — секој со лично искуство на програмите за кои работи.
Контекст е поддржувач на Фондацијата „Марко Божиновски" — фондација основана со цел да го сочува ликот и делото на Марко, и да им помогне на млади таленти да успеат во спортот, особено на оние кои имаат талент, но немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера.
Дел од средствата кои ги заработува Контекст се донираат во Фондацијата. Веруваме дека успешниот бизнис треба да враќа назад во заедницата.
Добредојдете во нашите канцеларии. Доколку имате прашања или едноставно сакате да разговарате лично — закажете термин и ние ќе ве пречекаме.